Со задоволство Ви пренесуваме дел од работната атмосфера на практичната настава и работилница (hands-on) во рамки на вториот циклус на стручните специјалистички студии за доктори по дентална медицина. Работилницата се одржа на 7.10.2020 година од страна на членовите на Катедрата за имплантологија – проф. д-р Марија Пеева Петреска, проф. д-р Едвард Јанев и проф. д-р Даниела Велеска Стевковска.
Во текот на практичниот дел учесниците самостојно ги изведуваа следните фази: Креирање на мукопериостално ламбо при имплантациските техники (флап дизајн); Препарација на имплантно лежиште и поставување на дентален имплант на модели со артифициелна гингива; Техники на сутурирање.