Заботехничката лабораторија со гипс-сала се состои од две простории: лабораторија со 12 заботехнички работни маси опремени со технички мотори и 12 ергономски столчиња, како и гипс-сала која служи за излевање на отпечатоците и добивање на гипсени работни модели.
Во оваа лабораторија се изведува практична настава на студентите од студиската програма за стручни забни техничари кои ја усвојуваат методологијата за работа со керамички маси и изработка на метал-керамички фиксни протетички конструкции, како и изработка на визил-скелетирани мобилни протези.
Заботехничката лабораторија со гипс-сала е делумно реновирана во 2019 година и опремена со повеќе нови заботехнички апарати и инструменти. Со тоа, освен подобрување на наставната дејност, се создадоа услови и за научно-истражувачка дејност.