Ризницата на научни и уметнички трудови на УКИМ претставува дигитална архива на збирки на записи за научниот и уметничкиот опус на Универзитетот, но истовремено овозможува и отворен и контролиран пристап до достапните содржини, нивно пребарување и понатамошна лесна обработка.
Главна цел на ризницата е трајно да се складираат мета-податоците за трудовите на стандардизиран начин, кој овозможува лесна обработка, размена и пребарување, а воедно ќе го подигне нивото на видливост на Универзитетот во целина.
Ризницата овозможува и трајно складирање на трудовите, како и индексирање на целите текстови во истите, со цел лесно пребарување по клучни зборови. Контролата на пристап е високо грануларна, и дозволува дефинирање на различен пристап кон секоја дигитална архива, но и на кон секој труд индивидуално. Основната поставка ќе биде отворена политика за пристап кај сите збирки, освен кај книгите.