ГАЛЕРИЈА НА НАСТАНИ

ЕЛЕКТРОНСКИ РЕГИСТАР НА НАСТАНИ

ГАЛЕРИЈА НА НАСТАНИ

Предавање - соработка помеѓу Центарот за кариера и Интердент од Цеље

✨Успешно реализиран едукативен настан за студентите од Стоматолошкиот факултет – Скопје во состав на Универзитет ,,Св. Кирил и Методиј” во Скопје, како резултат на соработката помеѓу Центарот за кариера на Стоматолошкиот факултет – Скопје, едукативниот центар Интердент од Цеље, Словенија и компанијата Биомедикаимплант од Скопје.
👉Мирјана Загоричник, дипл.заботехничар од едукативниот центар Интердент од Цеље, Словенија одржа предавање на тема ,, ДИГИТАЛНА СТОМАТОЛОГИЈА ’’ на кое студентите имаа можност да се запознаат со најновите концепти за примена на дигиталните технологии во стоматологијата и заботехничките лаборатории, како и употребата на актуелните стоматолошки материјали.
☝️Дополнително, беше организирана и работилница, со практично демонстрирање на индивидуално светлосно полимеризирачки бои за композити со материјал VITA AKZENT LC.

Проф. д-р Никола Ангелов

✨Центар за кариера, Стоматолошки факултет – Скопје, Универзитет ,,Св. Кирил и Методиј’’ во Скопје✨
На 22.09.2025 година, во организација на Центарот за кариера на Стоматолошкиот факултет – Скопје во состав на Универзитетот ,,Св. Кирил и Методиј’’ во Скопје, проф. д-р Никола Ангелов, професор и раководител на Катедрата за пародонтологија и орална хигиена на Стоматолошкиот факултет во Хјустон, Тексас одржa предавање на тема: „Естетска рехабилитација на насмевката: Улогата на пародонтологот во третманот на гинrивалната експозиција“.

Проф. д-р Владимир Биочанин

🦷На 27.10.2025 година, со почеток од 12 часот, во Амфитеатар 1, во организација на Стоматолошкиот факултет – Скопје во состав на Универзитетот ,,Св. Кирил и Методиј’’ во Скопје, во рамките на програмата за мобилност на наставен кадар ERASMUS +, Проф. д-р Владимир Биочанин, DDM, DDS, PhD, Декан и редовен професор по орална хирургија и имплантологија на Стоматолошкиот факултет во Панчево, при Универзитетот за Бизнис академија во Нови Сад одржа предавање на тема: „Како да се избере најсоодветен дентален имплант?“.

Проф. д-р Данијела Маровиќ

👉На 6.3.2026 година, во просториите на Универзитет ,,Св. Кирил и Методиј” во Скопје, Стоматолошки факултет – Скопје, се одржа предавање од страна на визитинг Проф.др. Данијела Маровиќ од Катедрата за ендодонција и реставративна стоматологија – Стоматолошкиот факултет Загреб, Универзитет во Загреб.
Наслов на предавањето: СВЕТЛОСНИ ИЗВОРИ ЗА ПОЛИМЕРИЗАЦИЈА: ПРИНЦИПИ И КЛИНИЧКИ ИМПЛИКАЦИИ

СИМПОЗИУМ СО МЕЃУНАРОДНО УЧЕСТВО

На 7.3.2026 година, во просториите на Универзитет ,,Св. Кирил и Методиј” во Скопје, Стоматолошки факултет – Скопје, се одржа симпозиум со наслов ”МЕТОДИ И ТЕХНОЛОГИИ ВО СОВРЕМЕНАТА СТОМАТОЛОГИЈАТА”

Проф. д-р Алексa Марковиќ

👉На 27.3.2026 година, во просториите на Универзитет ,,Св. Кирил и Методиј” во Скопје, Стоматолошки факултет – Скопје, проф. д-р Алекса Марковиќ од Стоматолошкиот факултет во Белград при Универзитетот во Белгард, одржа предавање во својство на визитинг професор.
✨Предавањето на тема ,,Претпротетска хирургија на коскени ткива’’ беше наменето за студенти запишани на студиската програма за доктори по дентална медицина, студентите од втор и трет циклус како и специјализантите на Стоматолошкиот факултет – Скопје.