Со големо жалење известуваме дека почина проф. д-р Марија Зужелова, редовен професор во пензија на Катедрата за ортодонција при Стоматолошкиот факултет – Скопје во состав на Универзитетот ,,Св. Кирил и Методиј” во Скопје.
Денот и местото на погребот како и одржувањето на комеморативната седница на Наставно-научниот совет на Стоматолошкиот факултет – Скопје, дополнително ќе бидат објавени.
Искажуваме искрено сочуство до семјеството на проф. д-р Зужелова!