ИНТЕРЕН ОГЛАС ЗА ИЗБОР НА СТУДЕНТИ ЧИЕ РОДИТЕЛСКО ПРАВО ГО ВРШИ САМО ЕДЕН РОДИТЕЛ – Стоматолошки факултет – Скопје Универзитет ,,Св. Кирил и Методиј'' во Скопје

Ректорската управа на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје на својата 12. седница одржана на 27.9.2024 година, донесе Одлука за плаќање половина од износот на уписнината за прв циклус студии за студентите чие родителско право го врши само еден родител и ги утврди критериумите за остварување на ова право за учебната 2024/2025 година.

✅Линк:

Заинтересираните студенти можат своето право да го реализираат преку следниов Интерен оглас за избор на студенти чие родителско право го врши само еден родител, кои се стекнуваат со погодноста за плаќање половина од износот на уписнината за прв циклус студии за учебната 2024/2025 година.

✅Линк:

Стоматолошкиот факултет го продолжува рокот за аплицирање заклучно со 01.11.2024 (петок) до 12:00.

Заинтересираните студенти ги доставуваат потребните документи на следната e-mail адреса: kis@stomfak.ukim.edu.mk