Доделување на ваучери за финансиска поддршка на најдобро дипломираните студенти во учебната 2022/23 година – Центар за кариера Стоматолошки факултет – Скопје и Промедика ДООЕЛ – Стоматолошки факултет – Скопје Универзитет ,,Св. Кирил и Методиј'' во Скопје
Центарот за Кариера на Стоматолошкиот факултет – Скопје во состав на Универзитетот ,,Св. Кирил и Методиј” во Скопје, денес додели ваучери за финансиска поддршка на најдобро дипломираните студенти на Факултетот, во учебната 2022/23 година.
Ваучерите беа доделени на д-р Јана Панчевска и д-р Мартина Анастасовска, од студиската програма за доктори по дентална медицина и Анастасија Милановска од студиската програма за стручни забни техничари.
Активната соработка на Стоматолошкиот факултет – Скопје во состав на Универзитетот ,,Св. Кирил и Методиј” во Скопје, со компанијата Друштво за трговија, производство и услуги ПРОМЕДИКА ДООЕЛ Скопје, им овозможи на двата најдобро дипломирани студенти од студиската програма за доктори по дентална медицина, добивање на 50% попуст за набавка на опрема од давателот на финансиската поддршка за отворање на сопствена здравствена установа, и 30% попуст за набавка на заботехнички материјали за најдобро дипломираниот студент од студиската програма за стручни забни техничари. Издадените ваучери имаат важност од 3 години, сметано од денот на доделувањето.