Гостување на ас. д-р Бојан Попоски од Катедрата за болести на устата и пародонтот, Стоматолошки факултет – Скопје, Универзитет ,,Св. Кирил и Методиј” во Скопје во емисијата ,,Добриот доктор” на Сител ТВ.
Во емисијата, ас. д-р Бојан Попоски зборуваше за оралната медицина како специјалистичка гранка која се занимава со болестите на меките ткива во усната празнина, информираноста на пациентите за постоењето на оваа специјалистичка гранка, промените и симптомите во усната празнина кои се знак дека граѓаните треба да се обратат кај матичниот стоматолог и да побараат упат за специјалист по орална медицина, како и посериозните орални заболувања, како што се оралните потенцијално малигни пореметувања, оралниот карцином и имунобулозните заболувања.