Почитувани,
Ве известуваме дека ќе започне online плаќање на сите надоместоци кои што треба да ги плаќате кон факултетот (школарина, потврда за редовен студент, уверение за положени испити, водич низ студии, ИКСА на УКИМ и др.), кое ќе се применува од следниот семестар.
При запишување на семестарот, покрај запишаните кредити, од десна страна, освен сумата за школарина, ќе Ви бидат прикажани и останатите обврски кои што треба да ги уплатите при запишувањето, на пример ИКСА на УКИМ, солидарен фонд и на крај тоталната сума која треба да се плати. Студентот ја има опцијата да го плати целиот износ со клик на копчето „Плати онлајн“. По клик на ова копче студентот е пренасочен кон страната за онлајн плаќања на која треба да ги внесе информациите за својата дебитна/кредитна картичка.
Доколку имате потреба за добивање на услуга, одите на „Документи“, избирате која услуга Ви треба, кликате „Внеси“ и од кога ќе ја генерирате услугата одите на „Плати онлајн“. После тоа треба да доставите барање на шалтерот на студентска служба и документот ќе Ви биде издаден следниот ден.
Доколку имате некакви нејаснотии обратете се на шалтерот на студентска служба во времето предвидено за работа со студенти.
Студентска служба