На 26.1.2024, во просториите на Универзитет ,,Св. Кирил и Методиј” во Скопје, Стоматолошки факултет – Скопје, се одржа вториот едукативен настан ,,Ортодонтски третман – видови на апарати и различни начини на поместување на забите, пародонтален одговор и индивидуален пристап во оралната профилакса“.
Настанот беше организиран од страна на Центарот за кариера на Универзитет ,,Св. Кирил и Методиј” во Скопје, Стоматолошки факултет – Скопје и компанијата ИНТЕРДЕНТАЛ ДООЕЛ Скопје.
Специјализантите од областа ортодонција имаа можност да ги продлабочат своите знаења и да се запознаат со различни модалитети од ортодонтската терапија, да ги проследат процесите на ремоделирање на пародонталните ткива и да се стекнат со дополнителни практични вештини како :
-Апликација на еластични, жичани лигатури и еластични ланци – кетени на модели со фиксен апарат
-Техники на одржување на орална хигиена кај фиксни ортодонтски апарати
-Употреба на основни и дополнителни средства за одржување на орална хигиена кај пациенти со ортодонтски апарати