Во годината во која Стоматолошкиот факултет – Скопје во состав на Универзитетот ,,Св. Кирил и Методиј” во Скопје одбележува 65 години постоење, денес беше промовирана 60-тата генерација на дипломирани доктори по дентална медицина и последната генерација стучни забни техничари и стручни стоматолошки сестри-орални хигиенолози. Дипломите беа доделени од страна на ректорката на Универзитетот ,,Св. Кирил и Методиј’’ во Скопје, проф. д-р Биљана Ангелова и деканот, проф. д-р Ќиро Ивановски.
На настанот присустуваше претседателот на Универзитетскиот сенат, проф. д-р Сашо Еленчевски и наставниот кадар на Факултетот.