Известување за слободни места на втор циклус на студии во вториот уписен рок и рокови за пријавување и запишување
- Студиски програми и број на слободни места
На Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје, Стоматолошки факултет во Скопје, на студиските програми од втор циклус студии, во вториот уписен рок во учебна 2023/2024 година ќе може да се запишат следниов број на студенти:
- Академски (магистерски) студии по стоматолошки науки – 29 слободни местa,
- Стручни студии за доктори по дентална медицина – 35 слободни места.
- Рокови за пријавување и запишување
- Пријавување на кандидатите во вториот уписен рок :
од 05 до 16 .02 2024 година
(во iknow-системот и во Службата за студентски прашања)
- Запишување на примените кандидати:
од 20 до 21 .02. 2024 година
Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје,
Стоматолошки факултет во Скопје