Стоматолошкиот факултет – Скопје во состав на Универзитетот ,,Св. Кирил и Методиј” во Скопје и Асоцијацијата за дезинфекција и стерилизација на Република Северна Македонија (DSAM) потпишаа меморандум за соработка за заедничка долгорочна научна, техничка, образовна и апликативна соработка.
Формата на долгорочната научна, техничка, образовна и апликативна соработка ќе се остварува преку Центарот за кариера на Факултетот на следните начини:
-Заеднички проекти од истражувачки, развоен и научен карактер;
-Соработка во едукативни процеси преку организирање на посети, научни и стручни собири, обуки и слично;
-Различни облици на научна, истражувачка и техничка помош;
-Консултации и експертизи;
-Воспоставување на контакти и презентација на договорените страни пред домашни и странски субјекти;
-Организирање на тркалезни маси и размена на искуства;
-Други активности од научен, технички, образовен и апликативен карактер.