Во просториите на Стоматолошкиот факултет – Скопје, се одржа промоција на првиот сеопфатен учебник по детска стоматологија кај нас – Детска стоматологија од авторите: Марија Стевановиќ, Мира Јанкуловска, Џон Николсон, Елизабета Ѓоргиевска, Ана Сотировска-Ивковска, Златко Георгиев, Дејан Марковиќ, Александар Димков, Мери Павлевска, Алберто Бенедети, Драгана Габриќ, Марко Вулетиќ, Бернард Јанковиќ, Ефка Жабокова-Билбилова, Тамара Периќ, Бојан Петровиќ, Весна Амбаркова, Олга Кокочева-Ивановска и Јасна Симоноска.
Учебникот, кој е во издание на „Арс Ламина – публикации“, е сублимат на долгогодишна работа и искуство во работа со децата во стоматолошка ординација, но и пресек на најсвежите сознанија во научната мисла од оваа област.
Изданието е систематизирано во 37 поглавја, кои се приказ на клучните проблематики со кои се занимава детската стоматологија.