28-ми интернационален стоматолошки студентски конгрес и Трета летна школа за студенти по стоматологија и млади доктори по дентална медицина – Стоматолошки факултет – Скопје Универзитет ,,Св. Кирил и Методиј'' во Скопје

Во Универзитетскиот конгресен центар во Охрид, во период од 27.5.2022 до 30.5.2022 година се одржа 28-миот интернационален стоматолошки студентски конгрес и 3-тата летна школа за студенти по стоматологија и млади доктори по дентална медицина, во организација на Факултетското студентско собрание на Стоматолошкиот факултет – Скопје и на Стоматолошкиот факултет – Скопје во состав на Универзитетот ,,Св. Кирил и Методиј’’ во Скопје.

28-миот интернационален стоматолошки студентски конгрес го отвори Ректорот на Универзитетот ,,Св. Кирил и Методиј’’ во Скопје, проф. д-р Никола Јанкуловски, кој имаше свое видео обраќање.

Во продолжение Ви претставуваме дел од атмосферата на конгресот…