Почитувани колеги,
Ве известуваме дека 28-миот Интернационален стоматолошки студентски конгрес и 3-тата Летна школа за студенти по стоматологија и млади доктори по дентална медицина, ќе се одржат во период од 27.5 – 30.5.2022 година, во Универзитетскиот конгресен центар во Охрид.
Агендата на конгресот и летната школа ќе бидат наскоро објавени.
Пријавувањето за пасивно учество на конгресот е преку следниов линк.
Уплатата за пасивно учество на студентскиот конгрес е во износ од 400,00 денари на следната жиро сметка: Назив и седиште: УКИМ – Стоматолошки факултет – Скопје, Банка на примач: НБРМ, трансакциска сметка: 100000000063095, сметка на буџетски корисник – 160011048078819, приходна шифра и програма 723019 41. Во цел на дознака се наведува:: котизација за пасивно учество на студентски конгрес. Уплатата може да ја извршите и преку ПОС терминалот, поставен во службата за студентски прашања.
Работилници кои ќе се одржат на 3-та Летна школа за студенти по стоматологија и млади доктори по дентална медицина се:
1.Примена на ласер терапијата во пародонтологија и орална медицина
2.Иницијална -нехируршка пародонтална терапија
3.Примена на инфилтративни терминални анестезии во современата дентална пракса
4.Принцип на екстракција со сепарација на повеќекорени заби (aтипични екстракции) – работилницата ќе се одржи во Скопје
5.Изработка на коса рамнина како интерцептивен метод во третманот на обратен преклоп на инцизивите
6.Машинска инструментација на коренските канали – лесно и едноставно
7.Вирусно индуцирани лезии на оралната лигавица
8.Принципи на оралнохируршки сутури
9.2D и 3D планирање на имплантолошки третман при парцијална и тотална беззабост
Доколку се пријавите да учествувате на некоја од наведените работилници, задолжително е да извршите уплатата за истите заклучно со 20.4.2022г.
Ве молиме да извршите уплата на име котизација за учество на работилницата во износ од 800,00 денари на следната жиро сметка: Назив и седиште: УКИМ – Стоматолошки факултет – Скопје, Банка на примач: НБРМ, трансакциска сметка: 100000000063095, сметка на буџетски корисник – 160011048078819, приходна шифра и програма 723019 41. Во цел на дознака се наведува: котизација за учество на работилница.
Уплатата може да ја извршите и преку ПОС терминалот, поставен во службата за студентски прашања.
Стоматолошкиот факултет – Скопје ќе ги покрие трошоците за сместување и превоз на активните учесници на студентскиот конгрес. Студентите кои пасивно ќе учествуваат на конгресот или ќе учествуваат само на работилниците, сами ги покриваат трошоците за сместување и превоз. Истите ќе може да бидат сместени во универзитетскиот конгресен центар во Охрид до исполнување на капацитетот или во приватен аранжман.