Факултетско студентско собрание на Стоматолошки факултет – Скопје и ЕМСА – Македонија во период од 4-ти до 6-ти март 2022 година, го организираа симпозиумот на тема: COVID-19: Што научивме и колку сме спремни?. По тој повод, на свеченото отворање на симпозиумот, кое се одржа на 4-ти март, свое поздравно обраќање имаа Ректорот на Универзитетот ,,Св. Кирил и Методиј” во Скопје проф. д-р Никола Јанкуловски, деканката на Медицинскиот факултет проф. д-р Соња Топузовска, деканот на Стоматолошкиот факултет проф. д-р Ќиро Ивановски, претседателот на МЛД проф. д-р Горан Димитров, претседателот на ФСС-СФ Мартина Анастасовска и претседателот на ЕМСА Македонија Марија Јованоска.
На симпозиумот, свои предавања имаа врвни професори од Медицинскиот и Стоматолошкиот факултет.
Исто така, студентите и младите доктори од двата факултета имаа можност да ги презентираат своите научни трудови на теми кои ги поврзуваат медицината и стоматологијата како две сродни и најблиски области.