Наставниот одбор на Стоматолошкиот факултет – Скопје, на седницата одржана на 17.1.2022 година, зазема став по однос на полагањата во испитната сесија на студенти со потврден SARS-CoV-2 или се во самоизолација и тоа:
- Се задолжуваат студентите кај кои е потврден SARS-CoV-2, веднаш, без одлагање (во текот на денот или најдоцна наредниот ден по потврдувањето на состојбата) да достават известување за спреченост, со резултат од тестот, на следниот e-mail: sfs@stomfak.ukim.edu.mk
- Се задолжуваат студентите кај кои е определена мерка за изолација поради контакт со заразен со SARS-CoV-2, веднаш, без одлагање, по потврдувањето на состојбата да достават известување за спреченост на следниот e-mail: sfs@stomfak.ukim.edu.mk. Доколку поседуваат решение за изолација, потребно е истото да го достават како прилог на мејлот, а доколку не можат да го обезбедат, потребно е да достават образложение за причините поради кои не можат да го обезбедат документот.
- За студентите со потврден SARS-CoV-2 или кои се во изолација, а навремено доставиле документација за спреченост за полагање на испитот, ќе им биде определен дополнителен термин за полагање на испитот.
- Испитите во првата испитна сесија од учебната 2021/22 година ќе се спроведат согласно распоредите објавени на веб страната на Факултетот и известувањата од одговорните наставници.
Студентите е потребно да ги наведат предметите кои неможат да ги полагаат во предвидениот термин утврден во распоредот.