На 17.12.2021 година, проф. д-р Анета Атанасовска – Стојановска од Катедрата за болести на устата и пародонтот, одржа работилница со наслов: ,,Етиологија и мукогингивален хируршки пристап во третманот на гингивалните рецесии”.
Појавата на гингивалната рецесија се должи на различни етиолошки фактори во склоп на кои е тешко да се идентификува предоминантна причина. Поради тоа, рецесиите на гингивата претставуваат најкомплексен и од тераписки аспект најатрактивен проблем во мукогингивалната пластична хирургија, особено кога се изразени во зоната на максиларните инцизиви и канини и ја нарушуваат естетиката на насмевката.
Посебен акцент се става на проценката на предвидливост и долготрајност на постигнатите резултати, како и исполнувањето на очекувањата на пациентите со нагласен фокус на естетските резултати.