На ден 15.12.2021, проф. д-р Мирјана Поповска од Катедрата за болести на устата и пародонтот, одржа работилница со наслов: ,,Лезии во устата – дилеми и решенија”.
Несоодветното препознавање и толкување на раничките во устата е поврзано со неадекватен третман, што резултира со недостаток на очекувани резултати кај терапевтот, а незадоволство, страв и ризик кај пациентот. Оттука и актуелноста на оваа тема за повеќето профили од областа на денталната медицина.
Дијагностиката на најчестите лезии во устата, откривањето на причинителите, разграничувањето на лезиите помеѓу себе и разоткривањето на првите знаци на малигна трансформација, беа главните цели на оваа работилница. Беа понудени алтернативни решенија за лекување на раничките во устата, а посебен осврт беше даден на примената на најновите медикаменти во третманот на присутните промени, особено кон оние кои се применуваат локално.
![](https://stomfak.ukim.edu.mk/wp-content/uploads/2021/12/266386673_4756700931043372_3933883619758016860_n-1024x683.jpg)
![](https://stomfak.ukim.edu.mk/wp-content/uploads/2021/12/266449397_4756701397709992_4230128751963538544_n-1024x683.jpg)
![](https://stomfak.ukim.edu.mk/wp-content/uploads/2021/12/266989217_4756700577710074_328477932194882159_n-1024x683.jpg)
![](https://stomfak.ukim.edu.mk/wp-content/uploads/2021/12/267063642_4756700381043427_3326532461503223502_n-1024x683.jpg)
![](https://stomfak.ukim.edu.mk/wp-content/uploads/2021/12/267679514_4756701271043338_274332275229115986_n-1024x683.jpg)
![](https://stomfak.ukim.edu.mk/wp-content/uploads/2021/12/267773189_4756700921043373_1621717639220301673_n-1024x683.jpg)
![](https://stomfak.ukim.edu.mk/wp-content/uploads/2021/12/267880416_4756700224376776_1701670613264296625_n-1024x683.jpg)
![](https://stomfak.ukim.edu.mk/wp-content/uploads/2021/12/268087269_4756700034376795_7569044717587426995_n-1024x898.jpg)