На ден 11.12.2021 проф. д-р Лидија Кануркова, раководител на Катедрата за ортодонција, одржа работилница со наслов: ,,Проценка на морфолошко-функционалните варијации на ортодонтските малоклузии и одредување на планот на третман преку приказ на случаи”.
За да се постави правилен план на ортодонтскиот третман, потребно е претходно да се одреди точна дијагноза за степенот на морфолошките варијации на ортодонтските малоклузии кои се поставуваат врз основа на клиничките испитувања, гнатометриски, рендгенолошки и фотографски анализи.
Каков ќе биде пристапот кон третманот секако зависи од оклузалните варијации на малоклузијата, од просторот во денталниот низ кој е потребен за поместување и подредување на забите, возраста на пациентот, етиолошкиот фактор, соработката на пациентот со ортодонтот, од видот на поместување на забите и многу други фактори. Преку презентацијата на модерните концепти на оклузија според Graber и Proffit, беше презентиран типот на ортодонтската терапија со мобилни, функционални и фиксни апарати, кои ќе овозможат правилно менаџирање на денталните и скелетните аномалии.
![](https://stomfak.ukim.edu.mk/wp-content/uploads/2021/12/266838902_4742753735771425_3265053667139134224_n-1024x683.jpg)
![](https://stomfak.ukim.edu.mk/wp-content/uploads/2021/12/265159909_4742754605771338_6295062791986866884_n-1024x683.jpg)
![](https://stomfak.ukim.edu.mk/wp-content/uploads/2021/12/264993919_4742754472438018_6837053582658700233_n-1024x683.jpg)
![](https://stomfak.ukim.edu.mk/wp-content/uploads/2021/12/265064094_4742754162438049_8471369134778060912_n-1024x683.jpg)
![](https://stomfak.ukim.edu.mk/wp-content/uploads/2021/12/265139800_4742753989104733_5212374265846760651_n-1024x683.jpg)
![](https://stomfak.ukim.edu.mk/wp-content/uploads/2021/12/265115188_4742754135771385_749350920968076819_n-1-1024x683.jpg)
![](https://stomfak.ukim.edu.mk/wp-content/uploads/2021/12/266166521_4742753482438117_3528451033526591439_n-1024x683.jpg)
![](https://stomfak.ukim.edu.mk/wp-content/uploads/2021/12/266838902_4742753735771425_3265053667139134224_n-1-1024x683.jpg)