Проф. д-р Анета Атанасовска Стојановска од Катедрата за болести на устата и пародонтот одржа работилница ,,Клиничко продолжување на коронка (Crown lengthening) во склад со биолошки особености на забните ткива – евалуација, проценка и хируршки протокол’’.
Во рамки на работилницата беше дискутирано за процедурите за клиничко продолжување на коронките, биолошката широчина на пародонтот, функционалните карактеристики, но и естетските барања, како важен сегмент од стоматолошката практика. Учесниците во рамки на работилницата работеа на симуалциони перио модели.