Стоматолошкиот факултет – Скопје и ЈЗУ Спец. болница за геријатриска и палијативна мед. 13 Ноември Скопје потпишаа меморандум за соработка за заедничка долгорочна научна, техничка, образовна и апликативна соработка.
Формата на долгорочната научна, техничка, образовна и апликативна соработка ќе се остварува на следните начини:
Заеднички проекти од истражувачки, развоен и научен карактер;
Соработка во едукативни процеси преку организирање на посети, научни и стручни собири, обуки и слично;
Промоција на оралното здравје преку јавно-здравствени едукативни кампањи;
Различни облици на научна, истражувачка и техничка помош;
Консултации и експертизи;
Воспоставување на контакти и презентација на договорените страни пред домашни и странски субјекти;
Организирање на тркалезни маси и размена на искуства;
Други активности од научен, технички, образовен и апликативен карактер.
![](https://stomfak.ukim.edu.mk/wp-content/uploads/2021/11/253497213_4623138447732955_1983188923282085541_n-1024x683.jpg)
![](https://stomfak.ukim.edu.mk/wp-content/uploads/2021/11/253226217_4623138334399633_7314209899159423821_n-1024x683.jpg)
![](https://stomfak.ukim.edu.mk/wp-content/uploads/2021/11/253233800_4623138364399630_1159333651415140349_n-1024x683.jpg)