Инструкции за најава на платформата iLearn – Стоматолошки факултет – Скопје Универзитет ,,Св. Кирил и Методиј'' во Скопје

Со почеток на новата учебна 2021/22 година започна да се применува новиот систем за учење на далечина на УКИМ, iLearn.

Студентите е потребно да се најават на предметите кои ги имаат запишано во зимскиот семестар од учебната 2021/22 година согласно Упатството дадено во прилог.


Воведувањето на интегрираната дигитална платформа за учење iLearn е иницијатива на Ректоратот на Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје и ќе биде примарно и трајно место за учење што ќе се користи при редовна настава а не само во вонредни услови.Дигиталната платформа за учење iLearn е составена од две компоненти: 1) Платформа за поддршка на учењето (offline) која нуди поставување и пристап до материјали, мултимедиски ресурси за учење, домашни задачи и активности, испитување, оценување, следење на постигнувањата на студентите и евалуација на наставата преку прашалници и 2) Алатки за настава на далечина, т.е. видео-конференциски алатки, за време на вонредни услови, но и како можност за поврзување и одржување состаноци и конференции на далечина.

Прилог