Доц. д-р Антонија Тадин од Катедрата за реставративна дентална медицина и ендодонција и доц. д-р Лидиа Гавиќ од Катедрата за детска и превентвина стоматологија при Медицинскиот факултет во Сплит, во рамки на Еразмус+ програмата го посетија Стоматолошкиот факултет – Скопје во состав на Универзитетот ,,Св. Кирил и Методиј’’ во Скопје.
Стоматолошкиот факултет – Скопје, како најстара високообразовна институција од областа на стоматологијата во нашата држава, е насочен кон остварување на високообразовна научна, техничка и стручна соработка со странски високообразовни и научниустанови, како дел од грижата за унапредување на вкупниот образовен систем.