И З В Е С Т У В А Њ Е
Врз основа на заклучокот на Деканатската управа на Стоматолошкиот факултет, заради продолжување на практичната настава за студентите од четврта и петта година на студиската програма Интегрирани студии од I и II циклус (6-годишни) за доктори по дентална медицина, настанати се промени на термините за полагање на колоквиумите и испитите во летниот испитен рок.
Во прилог се документите со новите термини:
–Променет распоред за втора колоквиумска недела и летен испитен рок – 4-та година (преземи)
–Променет распоред за втора колоквиумска недела и летен испитен рок – 5-та година (преземи)
Начинот на полагање (со физичко присуство или online) ќе зависи од епидемиолошката ситуација.
Практичната настава за клиничките вежби ќе продолжи да се одвива по истиот распоред, во договор со наставникот што ја води групата, се до 07.06.2021 година.
продекан за настава
проф. д-р Мира Јанкуловска