За да оствари соработка и доверба со јавноста, деловната заедница, професионалните комори и со други институции и здруженија на граѓани од подрачјето во кое ги врши високообразовната дејност и научно-истражувачката работа, како и за да оствари јавност и одговорност во вршењето на дејноста од јавен интерес, Факултетот формира факултетски Одбор за соработка и доверба со јавноста.
Со Одборот раководи претседател.
Одборот за соработка и доверба со јавноста брои 5 (пет) члена, и тоа:
-2 члена избира Наставно-научниот совет, од наставно-научниот кадар;
-1 член – од Собранието на Република Северна Македонија;
-1 член – претставник од Стоматолошката комора;
-1 член – претставник од Македонското стоматолошко друштво.