Мирчев (Крум) проф. д-р Ефтим е роден на 14 февруари 1939 год. во Виница. Средно образование, гимназија, завршил во Кочани, во 1957 год. Дипломирал на Стоматолошкиот факултет во Белград во 1963. Со звањето специјалист по стоматолошка протетика се здобил во 1970 год. Во 1978 год. хабилитирал на тема “Корелација помеѓу екстрахираните заби, најдените и по- требните протетички реставрации”, на Медицинскиот факултет – Стоматолошки отсек во Скопје . Докторската дисертација под наслов “Влијанието на водата врз врзувачките и термичката експанзија на масите за вложување со осврт на неодуротерм-5 масата за вложување”, ја одбранил на Стоматолошкиот факултет во Скопје, во 1993 год., и се здобил со научниот степен доктор на стоматолошки науки од областа стоматолошка протетика. Првите работни искуства професор Мирчев ги стекнал како лекар стоматолог во Домот за народно здравје во Виница, каде што се вработил во 1964 год. Во 1965 год. се вработил како клинички лекар на Стоматолошката клиника, Оддел за болести на устата, а во 1967 год. се префрлил на Одделот за стоматолошка протетика. Во 1967 год. бил избран во звањето асистент по стоматолошка протетика на Стоматолошкиот оддел при Медицинскиот факултет во Скопје, а во 1971, 1975 и 1979 год. бил преизбиран во истото звање. Со наставното звање доцент на Катедрата за фиксна стоматолошка протетика на Стоматолошкиот факултет во Скопје се здобил во 1980 год., а во 1985 год. со звањето вонреден професор на истата Катедра. Во 1990 год. бил избран за редовен професор, а во 1996 год. преизбран во истото звање. Се пензионирал во 2004 год. Во секојдневното стручно-научно работење проф. Мирчев се преокупирал со гингивалниот раб на вештачката забна коронка, гингивалниот сулкус и рабното затворање на коронките и врските на мостовите. Негов предмет на опсервација се, исто така, и масите за вложување. Во 1979 год. бил на тримесечно стручно усовршување на Стоматолошкиот факултет во Љубљана, кај проф. д-р Палчич и проф. д-р Воловшек, а во 1973 год. на двомесечно усовршување во Белград кај познатите професори по стоматолошка протетика, проф. д-р Брановачки, проф. д-р Косовчевиќ и проф. д-р Бабиќ . Во 1978 год. бил на едногодишен стручен престој на Стоматолошкиот факултет во, тогаш, Западен Берлин, кај проф. д-р Карл Ајхнер и проф. д-р Георг Хазе. Рефлексијата од долгогодишното стручно, научно и наставничко усовршување, кај профе- сор Мирчев се гледа и во постигнувањето забележителни резултати во научноистражувачката работа, особено во стоматолошката протетика. За жал, за публицистичкиот опус во периодиката располагаме со податоци само до 1999 год, според кои тој има објавено 85 стручно-научни труда, од кои, голем број се самостојни (13) или трудови во кои е носител на истражувањето (39); пет од нив се објавени во странски публикации. Придонесот на професор Мирчев за развојот и афирмацијата на македонската стоматологија е на повеќе нивоа. Во 1967 бил член на Организациониот одбор на 1. Собир на стоматолозите на СРМ, Катлановска Бања; во 1970 – член на Организациониот одбор на 2. Собир на стоматолози- те на СРМ, Куманово; во 1972 – член на Организациониот одбор на 5. Конгрес на стоматолозите на Југославија, Охрид; во 1984 – член на Организациониот одбор на 7. Конгрес на стоматолози- те на Југославија, Врњачка Бања ; во 1985 – член на Организациониот одбор на Светскиот конгрес на стоматолозите (FDI), Белград; во 1990 – член на Почесниот одбор на 2. Научен симпозиум на оралните хирурзи на Југославија; во 1991 – член на Почесниот одбор на 13. Конгрес на лекарите од Македонија со меѓународно учество; во 1994 – член на Конгресниот одбор на 1. Конгрес на стоматолозите од Македонија; во 1995 – член на Организациониот одбор на Конгресот на лекари- те од Македонија, Охрид; во 1998 – член на Конгресниот одбор на 2. Конгрес на стоматолозите од Македонија. Од 1981 до 1985 професор Мирчев бил претседател на Стоматолошката секција на Македонија; во 1982 бил претседател на Организациониот одбор на 4. Стоматолошката не- дела на СР Македонија – Струга; во 1989 – организатор на првата научна манифестација “Научни достигнувања во стоматологијата”; во 1991 – пот- претседател на Организациониот одбор на 4. со- бир на стоматолозите од Македонија. Од 1994 год. во повеќе мандати, бил претседател на Протетичката секција на Македонија. Како наставник со богато знаење и искуство во образовниот процес по предметот стоматолошка протетика, својот долг кон генерациите стручњаци што ги продуцирал, но и поради сопствен афинитет кон образовно-едукативниот процес, го исполнил со издавање на четири самостојни учебници и една скрипта, наменети за студенти, специјализанти, магистранди, докторанди и кон сите што се повеќе или помалку заинтересирани за проблемите од областа на стоматолошката протетика: “Стоматопротетички материјали” (скрипта) во издание на Универзитетска печатница, Скопје (1982); “Стоматолошка протетика. Едноделно леани фикснопротетички конструкции. Клиничка и техничка изработка” (два пати преиздавана) “Просветно дело”, Скопје (1984, 1987 и 1993); “Стоматолошка технологија. неметали, метали и средства за полнење кавитети” (еднаш преиздадена), “Просветно дело”, Скопје (1987 и 1993); “Клиника на фиксната стоматолошка протетика”, НИП “Студентски збор”, Скопје (1996); “Претклиника на фиксната стоматолошка протетика”, НИП “Студентски збор”, Скопје (1997), „Германско-македонски стоматолошки речник” (1999) и „Тотална протеза: претклиника” (2001). По повод одбележување на 30-годишнина- та, Стоматолошкиот факултет во 1989 ја издаде монографијата “30 години Стоматолошки факултет” и “Македонска стоматолошка библиографија” на кои едиции главен и одговорен уредник беше професор Мирчев. Во периодот од 1988 до 1994 год. професор Мирчев бил главен и одговорен уредник на списанието “Македонски стоматолошки преглед”. Во тој ангажман, тој бил поборник за осовременување и унапредување на списанието, подигајќи го на ниво на нормите пропишани од Интернационалниот комитет за биомедицински информации. Значајна и одговорна е, и обемна, општествената активност на проф. д-р Ефтим Мирчев. Учествувајќи во развојот на Стоматолошките клиники и осамостојувањето на Факултетот, бил избран за прв претседател на Советот на Факултетот (1979-1981). Во два мандата бил член на Наставно-научниот совет на Медицинскиот факултет, уште како асистент (1976-1977). Потоа, бил: делегат во СИЗ за здравство на град Скопје (1983-1985) и во Собранието на СИЗ за наука (1984-1986). Професор Мирчев бил во два мандата (1984/1986 и 1986/1988) продекан на Стоматолошкиот факултет, од кои, во вториот една година и вршител на должноста декан. Во периодот 1988/1990 год. и 1990/1992, во два мандата, исто така, бил декан на Стоматолошкиот факултет. Од 1993 до 1994бил управник на Клиниката за фиксна стоматолошка протетика при ООЗТ Стоматолошки клиники – Скопје и раководител на Катедрата за фиксна стоматолошка протетика при Стоматолошкиот факултет -Скопје, од 1993 год. до неговото пензионирање. За својата плодна здравствена, наставна и научна дејност бил повеќепати наградуван и одликуван: Орден на трудот со сребрен венец, со указ на Претседателството на СФРЈ (1980); при- знание од Здружението на стоматолозите од Југославија (1980); повелба од Здружението на стоматолозите на Југославија (1984); диплома од Сојузот на здруженијата на лекарите од Македонија (1985); диплома од Здружението за стоматолошка протетика на Југославија (1986); благодарница од Сојузот на здруженијата на лекарите на Југославија (1986); Орден на трудот со златен венец, со указ на претседателство- то на СФРЈ (1989); плакета на Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје по повод 40 години од неговото постоење (1989); плакети на Стоматолошкиот факултет по повод 30-годишнината, 40-годишнината и 45-годишнината од неговото постоење (1989, 1999 и 2004); повелба “Д-р Трифун Пановски” за исклучителни резултати во унапредувањето на медицинската наука, практика и за развој на здравствената заштита, од Здружението на лекарите на Македонија (1991); признание по повод 50-годишниот јубилеј на Македонско лекарско друштво (1995); признание по повод 50-годишниот јубилеј на Здруже- нието на лекарите на град Скопје (1997). Неговата биографија е објавена во Marquis-овата 15. едиција Who is who in the world (1998)