Стоматолошки факултет – Скопје Универзитет ,,Св. Кирил и Методиј'' во Скопје

Врз основа на член 149 став 5 од Законот за здравствена заштита (Службен весник на Р.М. бр. 43/2012, 145/2012, 65/2013, 87/2013, 164/13, 39/14, 43/14, 132/14, 188/14, 10/15, 61/15, 154/15, 192/15, 17/16, 37/16, 20/19 и Сл.весник на Р.С.М бр.101/19, 153/19, 275/19),  член 11 од Правилникот за специјализациите и субспецијализциите  на здравствените работници со високо образование од областа на стоматологијата и фармацијата и на  здравствените соработници со високо образование (Службен весник на РСМ. бр. 28/2019, 206/2019), а во врска со  Програмата за потребите од специјалистички и супспецијалистички кадри согласно со мрежата на здравствени установи  2019-2022година, (Службен весник на РСМ. бр. 132/2019; 162/2019) Универзитетот ,,Св. Кирил и Методиј,, Стоматолошки факултет – Скопје распишува                                                       

                                                                О  Г  Л  А  С

за одобрување на специјализации  на

Универзитет ,,Св. Кирил и Методиј,, Стоматолошки факултет – Скопје

I. Jавни здравствени установи и број на специјализации

Согласно Програмата за потребите од специјалистички и супспецијалистички кадри согласно со мрежата на здравствени установи за 2020 година, доделени  се специјализации од областа на стоматологијата на здравствени работници вработени во  следните јавни здравствени установи за кои се распишува овој оглас:

  • Јавна здравствена установа Здравствен дом –РАДОВИШ:специјализација од областа детска и превентивна стоматологија 1
  • Јавна здравствена установа Здравствен дом – ДЕМИР ХИСАР : специјализација од областа детска и превентивна стоматологија 1
  • Јавна здравствена установа Здравствен дом – СТРУМИЦА: специјализација од областа детска и превентивна стоматологија 1
  • Јавна здравствена установа Здравствен дом – СТОМАТОЛОШКИ КЛИНИЧКИ ЦЕНТАР ,,СВ.ПАНТЕЛЕЈМОН,, СКОПЈЕ: специјализација од областа орална хирургија 1 , специјализација од  областа   ортодонција 1
  • Јавна здравствена установа КЛИНИЧКА БОЛНИЦА БИТОЛА: специјализации од областа  максилофацијална хирургија 2

 

II.Услови и документи

Здравствените работници за кои Јавните здравствени установи ќе  поднесат барање за одобрување на специјализација треба да ги исполнуваат условите согласно член 141 од Законот за здравствена заштита ,  односно да имаат:

– завршен Стоматолошки факултет,

– завршен приправнички стаж, положен стручен испит ,

– лиценца за работа.

Во прилог на барањето/ упатница за одобрување на  специјализација, освен документацијата за кандидатите со која се докажува исполнетоста на условите, Јавната здравствена установа од точка I на овој оглас, задолжително  доставува и бодовна листа за селекција на кандидати кои се вработени во здравствената устанoва по завршен  јавен или интерен оглас и доказ/ одлука за одобрување на специјализацијата донесен од јавната здравствена установа за тоа кој здравствен работник се упатува на специјализација.

III. Рок за пријавување

Барањето за одобрување на специјализациите до УКИМ – Стоматолошки факултет во Скопје се поднесува од страна на Јавната здравствена установа каде е вработен здравствениот работник, најдоцна во рок од  30 дена од денот на објавување на огласот за одобрување на  специјализација, до архивата на Факултетот на адреса:  ул. “Мајка Тереза” бр. 43, Скопје.

Универзитет “Св.Кирил и Методиј”

Стоматолошки факултет – Скопје

  • Огласот е објавен согласно законските прописи во два дневни весници: Нова Македонија и Лајме на 24.12.2020 година.