Присуство на проф. д-р Силвана Георгиева на доделувањето на стипендии од фондацијата ,,Атанас Близнакоф” – Стоматолошки факултет – Скопје Универзитет ,,Св. Кирил и Методиј'' во Скопје

На 28 февруари 2020 година, во Ректоратот на Универзитетот ,,Св. Кирил и Методиј” во Скопје се одржа чинот на свечено врачување на договорите за доделување на 31 стипендија од Фондацијата ,,Атанас Близнакоф’’.

Продеканката за наука на Стоматолошкиот факултет, проф. д-р Силвана Георгиева, изрази желба, надвор од предвидениот протокол на настанот, да се обрати на присутниот аудиториум. Таа рече дека ја имала честа и привилегијата да биде една од првите стипендисти на Фондацијата ,,Атанас Близнакоф’’ и дека заедно со другите стипендисти биле чести гости во домот на оваа благородна брачна двојка. Со нескриени емоции, продеканката Георгиева раскажуваше за топлината во домот и за грижата на почитуваните Славна и Атанас спрема сите стипендисти како да биле нивни родени деца.

Изданието на Универзитетскиот весник на Универзитетот ,,Св. Кирил и Методиј’’ во Скопје е достапно на следниот линк.