Проф. д-р Мира Јанкуловска – продекан за настава – Стоматолошки факултет – Скопје Универзитет ,,Св. Кирил и Методиј'' во Скопје
проф. д-р Мира Јанкуловска

Д-р Мира Јанкуловска е редовен професор на Катедрата за детска и превентивна стоматологија при Стоматолошкиот факултет на Универзитетот ,,Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

Средно образование завршила во гимназијата „Орце Николов” во учебната 1979/80 година. Со високо образование се стекнала на Стоматолошкиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, во учебната 1984/85 година година. Во учебната 1990/1991 година се запишала на постдипломски студии на Стоматолошкиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје. Студиите ги завршила во 1994 година со просечен успех 9,8. На 23.12.1994 година го одбранила магистерскиот труд на тема: „Предиспозицијата кон кариес следена преку нивото на саливарните флуориди“. Дисертацијата на тема: „Флуоридната концентрација во оралниот медиум пред и по флуориден топикален третман“ ја одбранила во 2001 година и се стекнала со научниот степен доктор на науки од научната област детска и превентивна стоматологија.

Првото вработување д-р Јанкуловска го остварила во 1986 година во Здравствениот дом Кратово. Во 1989 година се вработила на Клиниката за детска и превентивна стоматологија при ООЗТ Стоматолошки клиники. Д-р Мира Јанкуловска во 1993 година е избрана во звањето помлад асистент на Катедрата за детска и превентивна стоматологија при Стоматолошкиот факултет во Скопје во областа детска и превентивна стоматологија. Во 1996 била избрана за асистент на истата Катедра, а во 2000 година била реизбрана во звањето постар асистент. Во 2005 година, д-р Јанкуловска е избрана во звањето научен соработник. Изборот на д-р Јанкуловска во звањето доцент бил извршен во 2006 година. Во 2010 година е избрана за вонреден професор на Катедрата за детска и превентивна стоматологија, а во 2015 година за редовен професор.

За раководител на Клиниката за детска и превентивна стоматологија при ЈЗУ Универзитетски стоматолошки клинички центар „Св. Пантелејмон“ во Скопје, проф. д-р Јанкуловска била назначена од 2004 до 2006 година. На оваа функција е поставена повторно во 2009 година и ја извршува до 2017 година. Во период од 2009 година до 2012 година била избрана за продекан од страна на Наставно-научниот совет на Стоматолошкиот факултет во Скопје, која функција, како продекан за настава, ја извршува тековно од 2017 година. Во моментот е претседател на Македонското стоматолошко друштво. Таа е ментор на четири одбранети докторски тези и дваесетина магистерски трудови. Автор е на над 200 научни и стручни трудови, еден учебник и едно учебно помагало, две книги и три монографии.

E-mail: mjankulovska@stomfak.ukim.edu.mk