Во Универзитетскиот конгресен центар во Охрид, во период од 11.04.2025 до 13.04.2025 година се одржа 31-тиот меѓународен стоматолошки студентски конгрес и 6-тата летна школа за студенти по стоматологија и млади доктори по дентална медицина, во организација на Факултетското студентско собрание на Стоматолошкиот факултет – Скопје и на Стоматолошки факултет – Скопје во состав на Универзитетот ,,Св. Кирил и Методиј’’ во Скопје.
31-тиот меѓународен стоматолошки студентски конгрес го отвори претседателот на Факултетското студентско собрание на Стоматолошки факултет – Скопје, Емир Зенгоски. Поздравен говор по повод отварањето на конгресот и летната школа одржа проф. д-р Соња Апостолска, декан на Стоматолошки факултет – Скопје во состав на Универзитетот ,,Св. Кирил и Методиј’’ во Скопје.
Во продолжение Ви претставуваме дел од атмосферата на конгресот.