29-ти интернационален стоматолошки студентски конгрес и 4-тата летна школа за студенти по стоматологија и млади доктори по дентална медицина – Стоматолошки факултет – Скопје Универзитет ,,Св. Кирил и Методиј'' во Скопје

Во Универзитетскиот конгресен центар во Охрид, во период од 5.5.2023 до 7.5.2023 година се одржа 29-тиот интернационален стоматолошки студентски конгрес и 4-тата летна школа за студенти по стоматологија и млади доктори по дентална медицина, во организација на Факултетското студентско собрание на Стоматолошкиот факултет – Скопје и на Стоматолошки факултет – Скопје во состав на Универзитетот ,,Св. Кирил и Методиј’’ во Скопје.
🦷29-тиот интернационален стоматолошки студентски конгрес во име на Ректорот на Универзитетот ,,Св. Кирил и Методиј’’ во Скопје, проф. д-р Никола Јанкуловски, го отвори проф. д-р Биљана Ангелова, проректор за финансии, инвестиции и развој на Универзитетот, која имаше свое поздравно обраќање.
Во продолжение Ви претставуваме дел од атмосферата на конгресот…