Катедрата за детска и превентивна стоматологија при Стоматолошкиот факултет – Скопје во состав на Универзитетот ,,Св. Кирил и Методиј” Скопје, во соработка со Општина Центар, реализираше работилница за подигнување на свеста за правилно одржување на орална хигиена и правилна исхрана во градинката ЈУДГ ОЦ Кочо Рацин клон Панорама.
Дечињата добија подароци (боенка, четкичка и паста) од нашиот партнер Интердентал ДООЕЛ Скопје.


