Јавен повик за искажување на интерес за прием на пациенти со социјален ризик – Стоматолошки факултет – Скопје Универзитет ,,Св. Кирил и Методиј'' во Скопје

Поттикнати од позитивниот ефект на соработката помеѓу Црвениот крст на град Скопје и Стоматолошкиот факултет – Скопје во состав на Универзитетот ,,Св. Кирил и Методиј’’во Скопје во изведување на бесплатни прегледи и интервенции кај социјално ранливата категорија на граѓани, Центарот за кариера на Стоматолошкиот факултет во Скопје во состав на УКИМ, би сакал да ги иницира и прошири овие активности и во останатите градови на територијата на Република Северна Македонија.

Поради тешката достапност на стоматолошките здравствени услуги за лицата од оваа категорија, Центарот за кариера Ве поканува да се вклучите во проектот со пружање на услуги од областа на стоматолошката здравствена заштита, со цел подобрување на јавното орално здравје.

Доколку сакате да бидете дел од хуманитарните активности за подигнување на свеста за оралното здравје, можете да го пополните формуларот за искажување на интерес за примање на пациенти од социјално ранлива категорија на граѓани, преку кој ќе можеме да воспоставиме контакт за понатамошни активности. Линк до формуларот: https://forms.office.com/r/G2kDxabn17

Со почит,

Проф. д-р Кристина Митиќ
Раководител на Центар за кариера на Стоматолошки факултет – Скопје во состав на Универзитетот ,,Св.Кирил и Методиј’’во Скопје

Контакт e-mail: kmitik@stomfak.ukim.edu.mk