ПРОЕКТ: Унапредување на оралното здравје кај граѓани од социјално ранливи категории
Носител: Универзитет ,,Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, Стоматолошки факултет – Скопје
Партнери: ЈЗУ Универзитетски стоматолошки клинички центар ,,Св. Пантелејмон“ во Скопје и Интердентал ДООЕЛ Скопје
Цел на проектот: Врвни стоматолошки услуги без финансиско учество за граѓани од социјално ранливи категории, за поголема самодоверба и подобрување на социјалното живеење, како и можностите за вработување кај работоспособните граѓани.
Придобивки: Здрави заби, подобрено џвакање, подобрена естетика и фонетика.
Како до учество во проектот: Пријава на јавниот повик за учество во проектот, кој ќе биде објавен во сите општини на град Скопје, установите на оваа територија, печатените и електронските медиуми, портали и веб и фејсбук страници на носителот на проектот и партнерите.
Каде ќе се изведат интервенциите и обуката за одржување на оралната хигиена: Сите интервенции ќе бидат изведени во рамките на практичната настава на студентите од Стоматолошки факултет – Скопје, во состав на Универзитет ,,Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, под директна контрола на наставно – научниот и соработничкиот кадар на Факултетот во ЈЗУ Универзитетски стоматолошки клинички центар ,,Св. Пантелејмон’’ во Скопје.Партнерите во проектот, без надомест, ќе обезбедат за секој учесник средства за одржување на оралната хигиена (четка за заби и интердентални четки).
Како до исполнување на целта на проектот: Кај сите лица кои ќе ги исполнат критериумите за учество во зависност од состојбата на забите, ќе се направи дијагностицирање на проблемите и индивидуален план на терапија според кој ќе се изведат потребните интервенции.
Обврска на учесниците: Согласност за учество во проектот, почитување на закажаните термини за изведба на предвидените интервенции и препораките по обуката за одржување на оралната хигиена.
Web: www.stomfak.ukim.edu.mk
FB: Стоматолошки факултет – Скопје
Instagram: @stomfak.ukim
Телефонски број за пријавување: 071-223-320, секој работен ден од 08:00 до 14:00 часот.