Функционална-работна единица за континуирана едукација – Стоматолошки факултет – Скопје Универзитет ,,Св. Кирил и Методиј'' во Скопје

Континуираната едукација е дел од едукативниот процес низ кој поминува секој стоматолог кој активно се занимава со клиничка стоматологија. Овој дел од едукацијата е независен од додипломската, последипломската едукација и специјализацијата и опфаќа продлабочување на веќе добиените знаења и вештини и стекнување на нови од општото, но и од специјалистичкото стоматолошко образование.

Оваа слика има празен alt атрибут; Името на датотеката е img679.jpg
Прв симпозиум ,,Научни достигнувања во стоматологијата” 1989 година

Семинарите, симпозиумите и курсевите имаат за цел да го запознаат колегата практичар со формите и моделите на работа во одредена област, да го обучат за изведување на поедноставни постапки и методи кои се новина во секојдневната стоматолошка пракса. Новините може да се однесуваат на примена на нов метод
во решавањето на одреден проблем, примена на нови материјали и технолигии во терапијата и дијагностиката, како и примена на нови концепти при дијагностика на ретки појави и заболувања.

За завршената форма на едукација, соодветно се издава документ, сертификат со одреден број на бодови одредени од Стоматолошката комора.

Потребата од постоење на континуирана едукација во рамките на настани кои ќе ги освежуваат и надополнуваат знаењата и вештините на колегите, Факултетот ја препозна уште во 1989 година кога беше организиран симпозиум под наслов „Научни
достигнувања во стоматологијата“. Подоцна, овој симпозиум прерасна во годишни тематски меѓународни семинари под наслов „Трансфер на наука“.

Едукативните содржини од семинарите се објавуваа во списанието Стоматолошка ревија која ја публикуваше Факултетот под уредништво на проф. д-р Александар Грчев.
Денешните постедукативни семинари кои ги изведува Стоматолошкиот факултет се тематски, интерактивни, со меѓународни гостувања на професори и стручњаци од конкретните области и се одржуваат еднаш во годината.

Оваа слика има празен alt атрибут; Името на датотеката е img682.jpg
Оваа слика има празен alt атрибут; Името на датотеката е img684.jpg

Актуелен раководител на Континуираната едукација на Стоматолошкиот факултет е д-р Марија Стевановиќ, редовен професор на Катедрата за детска и превентивна стоматологија.