Учество на Факултетот на првата студентска конференција за нутриција – Стоматолошки факултет – Скопје Универзитет ,,Св. Кирил и Методиј'' во Скопје

На 24 октомври 2020 год се одржа првата студентска конференција за нутриција. Конференцијата беше организирана од факултетските студентски собранија на Медицинскиот факултет, Фармацевтскиот факултет, Стоматолошкиот факултет, Природо-математичкиот факултет и Факултетот за физичко образование, спорт и здравје при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ Скопје.

На конференцијата свои презентации имаа: Мартина Анастасовска, под менторство на проф. д-р Ќиро Ивановски; Сара Демири и Елма Демри, под менторство на проф. д-р Мери Павлевска и д-р Анета Лазаровска под менторство на виш науч.сор. д-р Олга Кокочева Ивановска.