Упатство за користење на Microsoft Teams – Стоматолошки факултет – Скопје Универзитет ,,Св. Кирил и Методиј'' во Скопје

Почитувани колеги запишани во прва година на Стоматолошкиот факултет – Скопје во состав на Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” во Скопје, Ве известуваме дека се отворени сметки на сите студенти на Стоматолошки факултет – Скопје. Сите се со име ime.prezime@students.stomfak.ukim.mk. Во прилог упатство за промена на лозинката, како и упатство за користење на Microsoft Teams. Ве молиме, во најбрзо време активирајте ги новите сметки, бидејќи преку истите ќе се приклучувате на онлајн настава преку апликацијата Microsoft Teams.

Првиот академски час, за цела генерација студенти запишани во академската 2021/22 година ќе се одржи on-line, на 1. октомври (петок), со почеток во 10:00 часот на платформата Microsoft Teams, на кој свое обраќање ќе има деканот на Стоматолошкиот факултет – Скопје, проф. д-р Ќиро Ивановски.

На студентите ќе им се обрати и претседателот на Факултетското студентско собрание на Стоматолошкиот факултет – Скопје, Мартина Анастасовска.

По завршувањето на првиот академски час, ќе се одржат координативни средби за секоја студиска програма одделно. Имено, на студентите запишани во прва година на студиската програма за доктори по дентална медицина ќе им се обрати проф. д-р Ќиро Ивановски, како нивен координатор.

Свое обраќање ќе имаат и раководителите на студиските програми, проф. д-р Билјана Капушевска, раководител на студиската програма за стручни забни техничари, проф. д-р Златко Георгиев, раководител на студиската програма за стручни стоматолошки сестри – орални хигиенолози.

Пред почетокот на академскиот час е потребно да се најавите со новите кориснички адреси. Во случај на технички проблем обратете се на следниот e-mail: z.derivolski@stomfak.ukim.edu.mk

Упатство за коистење на Microsoft Teams