Со големо жалење ги известуваме нашите студенти, колеги, соработници, пријатели на Стоматолошкиот факултет – Скопје, дека не напушти и замина проф. д-р Марија Накова, редовен професор во пензија на Универзитетот ,,Св. Кирил и Методиј’’ во Скопје – Стоматолошки факултет во Скопје.
Погребот ќе се одржи утре, 3.1.2025 година, на градските гробишта во Бутел, од 13 часот.
Комеморативната седница на Наставно-научниот совет на Стоматолошкиот факултет – Скопје ќе се одржи на 9.1.2025 година (четврток), со почеток од 11.30 часот, во амфитеатар 1 на Факултетот.