Со големо жалење известуваме дека почина проф. д-р Марија Зужелова, редовен професор во пензија на Катедрата за ортодонција при Стоматолошкиот факултет – Скопје во состав на Универзитетот ,,Св. Кирил и Методиј” во Скопје.
Ги известуваме нашите студенти, колеги, соработници, пријатели на Стоматолошкиот факултет – Скопје, дека погребот на проф. д-р Марија Зужелова ќе се одржи во четврток, 26.6.2025 година на градските гробишта во Бутел, од 11 часот, а посмртните останки ќе бидат изложени во капелата од 10 до 11 часот.
Искажуваме искрено сочуство до семјеството на проф. д-р Зужелова!