Со големо жалење ги известуваме нашите студенти, колеги, соработници, пријатели на Стоматолошкиот факултет во Скопје, дека денес, на 28.01.2022 година, тивко и ненадејно не напушти и замина на своето последно патување д-р Aлберто Бенедети, редовен професор на Универзитетот ,,Св.Кирил и Методиј’’ во Скопје – Стоматолошки факултет во Скопје, Катедра за максилофацијална хирургија.
Големите луѓе никогаш не умираат, засекогаш остануваат во срцата и драгите спомени.
Вашата добрина и ведар дух ќе остават вечен печат на времето поминато заедно, а Вашето име со светли букви засекогаш запишано во аналите на Стоматолошкиот факултет во Скопје .
Почитуван професоре, почивајте во мир и нека Ви е светол патот кон вечноста.

Универзитет ,,Св.Кирил и Методиј’’ во Скопје
Стоматолошкиот факултет – Скопје