Стоматолошкиот факултет – Скопје и ЈЗУ Спец. болница за геријатриска и палијативна мед. 13 Ноември Скопје потпишаа меморандум за соработка за заедничка долгорочна научна, техничка, образовна и апликативна соработка.
Формата на долгорочната научна, техничка, образовна и апликативна соработка ќе се остварува на следните начини:
Заеднички проекти од истражувачки, развоен и научен карактер;
Соработка во едукативни процеси преку организирање на посети, научни и стручни собири, обуки и слично;Промоција на оралното здравје преку јавно-здравствени едукативни кампањи;
Различни облици на научна, истражувачка и техничка помош;
Консултации и експертизи;
Воспоставување на контакти и презентација на договорените страни пред домашни и странски субјекти;
Организирање на тркалезни маси и размена на искуства;
Други активности од научен, технички, образовен и апликативен карактер.