Фондацијата Леорон веќе три години активно се залага за подршка на студенти од ранливи категории, запишани на државните универзитети во Република Северна Македонија.
Наша цел е намалување на препреките, произлезени од социјалната состојба, со кои што се соочуваат младите академци и кои може да влијаат врз нивниот академски развој. Ние веруваме дека секое дете има потенцијал да го исполни својот сон!
Затоа, го даваме најдоброто од себе за да ги поттикнеме нашите студенти преку својот академски успех да го исполнат својот сон.
Повеќе информации може да се најдат подолу