Под покровителство на Универзитетот ,,Св. Кирил и Методиј’’ во Скопје и Министерството за образование и наука беа ставена во употреба новите клинички сали сместени на Катедрата за детска и превентивна стоматологија, Катедрата за орална хирургија и новоформираната Катедра за имплантологија.
На денешната свеченост, присуствуваше Ректорот на Универзитетот, проф. д-р Никола Јанкуловски, проректорите, проф. д-р Биљана Ангелова, проф. д-р Христина Спасевска, проф. д-р Валентина Гечевска, проф. д-р Ордан Чукалиев, генералниот секретар на Универзитетот , м-р Марија Маневска, директорот на ЈЗУ Универзитетски стоматолошки клинички центар ,,Св. Пантелејмон’’ во Скопје, м-р д-р Аријан Даци и раководителите на катедрите на Факултетот, проф. д-р Елизабета Ѓоргиевска, проф. д-р Борис Величковски и проф. д-р Марија Пеева Петреска.
Преку реконструкција на новите клинички сали и набавката на најсовремена стоматолошка опрема ќе се придонесе за унапредување на квалитетот на наставната, научната и применувачката дејност на најстариот и најдобро рангираниот факултет од областа на стоматологијата во нашата држава.
При денешната посета, беше презентиран и целосно реновираниот амфитеатар бр. 2, лоциран во објектот на ЈЗУ УК за лице, вилици и врат – максилофацијална хирургија ,,Акд. Илија Васков’’.