Согласно склучениот меморандум за соработка помеѓу Стоматолошкиот факултет – Скопје во состав на Универзитетот ,,Св. Кирил и Методиј’’ во Скопје и Сојузот на здруженијата на пензионерите на Македонија, овозможени се бесплатни стоматолошки прегледи и стоматолошки услуги за граѓаните од третото доба, во рамки на практичната настава на студентите.
Заинтересираните пензионери можат да закажат бесплатен стоматолошки преглед на следниот телефонски број: 071/223-320, секој работен ден во период од 8:00 до 14:00 часот.
Стоматолошките прегледи ќе се спроведат од 20.2.2023 до 24.2.2023 година во претходно закажаниот термин.
