„Субвенциониран студентски оброк“ е финансиска поддршка во износ од 120 денари што студентот ја добива од Министерството за образование и наука за купување приготвена храна.
Согласно Законот за субвенциониран студентски оброк (Сл.весник на Р.С.М. бр. 31/20 и 150/21) може да бидете корисници на субвенциониран студентски оброк за времетраење на учебната година, освен во периодот од 1 јули до 14 септември и за време на државни и верски празници и неработни денови.
УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ НА СУБВЕНЦИОНИРАН СТУДЕНТСКИ ОБРОК
Корисници на субвенциониран студентски оброк согласно Законот за субвенциониран студентски оброк (Сл.весник на Р.С.М. бр. 31/20 и 150/21) можат да бидат студенти кои ги исполнуваат следниве услови:
-да се редовни студенти на додипломски студии;
-да не се во редовен работен однос,
-да не се регистрирани како индивидуални земјоделци и
-немаат месечен приход по било кој основ поголем од минималната нето-плата во Републиката за тековната година.
ПРИЈАВУВАЊЕ И РОКОВИ ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ
РОКОТ ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ НА ТЕКОВНИТЕ СТУДЕНТИ НА ЈАВНИОТ ПОВИК ЌЕ БИДЕ ОД 1 АВГУСТ ДО 31 АВГУСТ 2021 ГОДИНА.
РОКОТ ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ НА ОНИЕ СТУДЕНТИ КОИ СТАТУСОТ СТУДЕНТ ЌЕ ГО СТЕКНАТ ВО АКАДЕМСКАТА 2021/2022, КАКО И ОНИЕ КОИ НЕ ГО ЗАПИШАЛЕ ЛЕТНИОТ СЕМЕСТАР НАВРЕМЕНО РОКОТ ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ Е ОД 1 ОКТОМВРИ ДО 31 ОКТОМВРИ.
Пријавувањето се врши во електронска апликација на Министерството за образование и наука.