ПОЧИТУВАНИ СТУДЕНТИ,
„Субвенциониран студентски оброк“ е финансиска поддршка во износ од 120 денари што студентот ја добива од Министерството за образование и наука за купување приготвена храна.
Согласно Законот за субвенциониран студентски оброк (Сл.весник на Р.С.М. бр. 31/20 и 150/21) може да бидете корисници на субвенциониран студентски оброк за времетраење на учебната година, освен во периодот од 1 јули до 14 септември, како и за време на државни и верски празници и неработни денови.
УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ НА СУБВЕНЦИОНИРАН СТУДЕНТСКИ ОБРОК
Корисници на субвенциониран студентски оброк согласно Законот за субвенциониран студентски оброк (Сл.весник на Р.С.М. бр. 31/20 и 150/21) можат да бидат студенти кои ги исполнуваат следниве услови:
-да се редовни студенти на додипломски студии;
-да не се во редовен работен однос,
-да не се регистрирани како индивидуални земјоделци и
-немаат месечен приход по било кој основ поголем од минималната нето-плата во Републиката за тековната година.
ПРИЈАВУВАЊЕ И РОКОВИ ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ
Студентите кои ги исполнуваат овие услови можат да се пријават откако Министерството за образование ќе објави јавен повик . Рокот за пријавување на тековните студенти на јавниот повик ќе биде од 1 август до 31 август 2021 година, а рокот за пријавување на оние студенти кои статусот студент ќе го стекнат во академската 2021/2022, како и оние кои не го запишале летниот семестар навремено рокот за пријавување е од 1 октомври до 31 октомври.
Пријавувањето се врши во електронска апликација. За линкот до апликацијата дополнително ќе бидете известени бидејќи сеуште е во фаза на подготовка.