СООПШТЕНИЕ
Се изветуваат студентите од втор циклус на студии дека заверување на зимскиот семестар и пријавувањето на испити ќе биде од 8. 1 до 17. 1. 2025 година.
За заверување на зимски семестар потребно е да се достави индекс и уплата од 100 денари со назнака: заверка и запишување на прв семестар Стоматолошки факултет на сметка 100000000063095 депонент НБРМ, со сметка на буџетски корисник 1600103689 788 18 приходна шифра 723019-41.
Пријавувањето на испити се врши во iknow.
Рокот за запишувањето на летен семестар во учебната 2024/2025 година е од 10. 02. до 14. 02. 2025 година.
Потребни документи за запишување се:
Индекс, уплата за семестар-школарина, образец за изборни предмети симнат од web страна и уплата од 100 денари на горенаведената жиросметка.
Поднесување на пријави за изработка на магистарски труд до 14.2.2025 година.