Стоматолошкиот факултет – Скопје и СМУГС „Д-р Панче Караѓозов“ Скопје потпишаа меморандум за соработка за заедничка долгорочна научна, техничка, образовна и апликативна соработка.
Формата на долгорочната научна, техничка, образовна и апликативна соработка ќе се остварува на следните начини:
- Заеднички проекти од истражувачки, развоен и научен карактер;
- Соработка во едукативни процеси преку организирање на посети, научни и стручни собири, обуки и слично;
- Промоција на оралното здравје преку јавно-здравствени едукативни кампањи;
- Различни облици на научна, истражувачка и техничка помош;
- Консултации и експертизи;
- Воспоставување на контакти и презентација на договорените страни пред домашни и странски субјекти;
- Организирање на тркалезни маси и размена на искуства;
- Други активности од научен, технички, образовен и апликативен карактер.